Игуаин ги демантираше информациите дека ќе се пензионира на крајот на годината

 Фудбалерот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин изјави дека нема да ја заврши кариерата во скоро време.

– Нема да го напуштам фудбалот на крајот на сезоната. Татко ми погрешно разбра, го информирал Игуаин, новинарот Николо Шира.

Претходно таткото на 34-годишниот Аргентинец, Хорхе Игуаин објави дека неговиот син ќе се пензионира на крајот на годината.

Игуаин постигна два гола и една асистенција на пет натпревари за Интер Мајами оваа сезона во американската МЛС-лига.