Кизов го објави списокот со фудбалерки за квалификациските средби со Англија и Луксембург

 Македонската женска фудбалска репрезентација овој месец ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд во 2023 година.

Во рамките на групата-Д од европските квалификации, Македонија ќе одигра два меча против Англија и Луксембург.

Селекторот Кирил Изов з аовие средби се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиевска (Вахјо Бх, Шведска);

Одбрана: Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Христина Јошевска (Каменица Саса), Јулија Живиќ (Риека, Хрватска), Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Катерина Милеска (Деспина);

Среден ред: Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Хава Мустафа (Шкендија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен);

Напад: Ангела Стојковска (Скопје 2014), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Скопје 2014).

Дуелот против Англија ќе биде одигран на 8 април, на националната арена „Тодор Проески” во Скопје, со почеток од 20 часот. На 12 април е гостувањето во Луксембург.