Ковачевски предводи владина делегација на „Делфи економскиот форум“ во Грција

–  Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи владината делегација на седмиот „Делфи економски форум“ во Грција што се одржува од денеска.

Од владината прес-служба најавија дека во рамки на посетата на Грција, премиерот Ковачевски ќе оствари средби и работни состаноци со лидери и истакнати политичари во светски рамки.

Во рамки на Форумот во различни денови учествуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи и министрите за надворешни работи,Бујар Османи,  за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши,за одбрана Славјанка Петровска и за животна средина Насер Нуредини.

„Делфи економскиот форум“ се одржува до 9 април под покровителство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Организаторите на настанот информираат дека целта е да се покријат сите теми, а оваа година поради војната, голем дел ќе биде посветена на Украина, но и на геополитичките предизвици. На седмиот „Делфи економскиот форум“ насловен „New Realities“ потврдени се скоро 800 говорници од над 36 земји, а ќе бидат опфатени низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството и културата.