Критики по затворање продавници за месо во Њу Делхи поради фестивалот Навратри

 Повеќе продавници за месо во Њу Делхи се затворени веќе два дена, откако официјални лица побараа да се затворат за Навратри – Хинду фестивал што трае девет дена.

Градоначалници на јужни и источни области изјавија дека најголем дел од луѓето не јадат невегетаријанска храна за време на фестивалот, а имаше и жалби од поединци кои не сакаат да гледаат месо и како тоа се сече.

На социјалните мрежи има критики за ваквиот потег, тврдејќи дека ако некој не сака да јаде месо, тоа не треба да има влијание врз друг, што сака да јаде, како и за оние кои заработуваат од негова продажба.

Навратри ја слави победата на божицата Дурга над Махишасура, демон. Па за време на фестивалот, побожните Хиндуси обично постат или се воздржуваат од јадење месо, се избегнува и користење на лук, кромид и одредени зачини во храната.