Охридско Требеништа ќе добие откупен пункт за земјоделски производи

– Општина Дебрца и фирмата Али Фреш Фруит ДОО денеска поптишаа договор за отворање на првиот откупен пункт за земјоделски производи во општината.

Откупниот пункт, како што информира Општина Дебрца, ќе биде лоциран во село Требеништа, во големата сала на селскиот Задружен дом.

-Со оваа постапка правиме еден голем исчекор напред кон подобрување на квалитетот на услугите при откупот на земјоделските производи и промоција на производството во општина Дебрца, со што се отвораат и нови можности за иднини инвеститори, изјави градоначалникот Зоран Ногачески.

Според договорот, закупувачот е должен да инвестира во реконструкцијата и адаптацијата на деловниот простор согласно намената и инвестициската програма.

Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 15 години, стои во информацијата. с