Основи на автоматско тестирање софтвер – онлајн настан организиран од Women in Tech Macedonia

– Women in Tech Macedonia попладнево организира онлајн дискусија на тема „[QA] Automation testing essentials“. Целта е тестирањето на софтверот да биде поблиску до сите луѓе кои работат или се заинтересирани да работат како софтверски тестери фокусирани на автоматско тестирање.

На настанот ќе стане збор за важноста и придобивките на автоматското тестирање, различни видови на автоматско тестирање и искуства од реални проекти.

Дискусијата ќе ја води Мирјана Андовска, QA архитект во Netcetera со големо искуство во развој на софтвер.

За автоматското тестирање на софтвер ќе зборуваат Ивана Ивановска – full-stack QA инженер во IW Connect и Виктор Гагалески – QA инженер фокусиран на автоматско тестирање.

Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани.