Приведено лице од Гостивар осомничено за кражба во верски објект

Полициски службеници на СВР Tетово од Одделението за внатрешни работи во Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(42) од гостиварско Врапчиште, кој се сомничи дека претходно извршил кражба во верски објект во Гостивар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), одзементите предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против Н.А. ќе следува соодветен поднесок.