Проект на УСАИД: Потпишување меморандум за соработка со 24 нови партнер-општини

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска организира церемонија на потпишување меморандум за соработка со втората група 24 нови партнер-општини.

На настанот ќе бидат промовирани и клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и меѓувладините капитални трансфери до единиците на локалната самоуправа.

Предвидени се обраќања наминистерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, како и на претставници од партнер-општини.

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен, а им помага на владините институции во земјава да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.