Пронајден кокаин, приведено лице од Гостивар

– Полициски службеници на СВР Тетово од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера на улицата „Иво Лола Рибар“ во Гостивар го привеле 54-годишниот гостиварец М.Л. затоа што при преглед му бил пронајден кокаин.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.