Рации низ Германија против екстремни десничарски групи

– Германските власти спроведуваат серија рации низ земјата против членови на екстремни десничарски групи.

Операцијата се спроведува изутринава во сите 16 сојузни покраини, а насочена против 50 осомничени есктремисти.

Приведени се четири лица во градот Ајзенах, осомничени за членство во криминална организација.

Канцеларијата на Федералното обвинителство соопшти дека приведените се членови на група поврзана со боречки вештини, позната по насилни активности, особено против познати левичарски активисти. Наводно членовите на групата се обиделе да „го одржуваат јавниот ред“ со маалски патроли.

Германските медиуми објавија дека групата била инволвирана и во протестите против мерките за справување со коронавирусот, со цел да предизвикаат насилства.

Цел на рациите било седиштето на десничарската екстремистичка Национал-демократска партија (НПД), каде екстремните членови држеле тренинзи по боречки вештини.

Обвинителството додава дека дел од акциите биле и против десничарската екстремистичка група „Комбат 18“ чии активности беа забранети кон почетокот на 2020 година. Рацијата е поврзана со нарушувањето на изречената забрана.