Зеленски: Турција ќе се обиде со брод да ги преземе жртвите од Мариупол

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател.

„Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол од безбедносни причини. Затоа ранетите и загинатите мора прво да се однесат во Бердјанск. Ситуацијата во Мариупол е една од најтешките“. Турција посредува во оваа специјална мисија. Разговарав со Ердоган, Ердоган разговараше со Путин. Сега се зависи од неговото одобрување (на Путин)“, рече Зеленски.

Деновиве турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара е подготвена да обезбеди брод за транспорт на ранетите украински граѓани и загинатите во Мариупол. Тој нагласи дека за ова прашање се преговара со руските и украинските власти.