Саливан: Новиот руски командант би можел да користи тактика на „изгорена земја“

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека назначувањето на рускиот генерал наречен „Касапот на Сирија“ за да ја надгледува војната во Украина е „конзистентно“ со начинот на кој Русија води војна.

Генералот Александар Дворников (60) претходно ги предводеше руските операции во Сирија, каде што руските сили беа обвинети за намерно гаѓање на цивилни области. Тој претходно служеше и во Чеченија.

Говорејќи за Face the Nation на Си-Би-Ес, Саливан рече дека верува оти назначувањето на Дворников е знак дека Русија планира да продолжи со тактиката на „изгорена земја“.

– Видовме бруталност и воени злосторства и масовни убиства и ужасни и шокантни слики од градови како Буча и ракетни напади врз Краматорск, изјави Саливан. – Мислам дека ова (назначувањето на генералот) е показател дека ќе видиме повеќе од тоа.

Москва негираше каква било вмешаност во смртта на цивили во Буча и ги опиша извештаите за расфрлани тела низ тамошните улици како лажни вести.

Но, оценката на Саливан ја повтори и генералот Дејвид Петреус, поранешен директор на ЦИА.

– Русите беа познати во Сирија, во основа по…„депопулација“ на областите. Тоа му го направија на Алепо, изјави Петреус за Си-Ен-Ен. -Тоа е она што тие го направија со другите области. И мислам дека можеме да го очекуваме тоа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*