Германија дозволи знамето со виножито да се вее пред федералните згради

Знамето со виножитото сега може официјално да се подигне пред зградите на германската федерална влада, откако денеска Министерството за внатрешни работи даде дозвола, јави ДПА.

Сепак, знамето со виножито, кое се користи ширум светот како симбол на заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови и квир (ЛГБТК), може да се користи само во одредени прилики, како на пример кога германските градови одржуваат геј парада или кога се одржуваат други релевантни локални настани.

Доделувањето на официјалната дозвола беше неопходно за да се стави крај на честите дебати за официјалната употреба на знамето во минатото, соопшти денеска германското МВР.

– Сакаме дискриминацијата на луѓето врз основа на нивниот сексуален идентитет да заврши во сите области на општеството, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. -Сакаме да покажеме солидарност со сите оние кои сè уште се принудени да страдаат од исклучување, потенцираше таа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*