Авганистанските власти тврдат дека 47 лица загинале во напади на пакистанската армија

Во пакистански воени напади во источен Авганистан загинаа 47 лица, соопштија денеска авганистанските власти.

– Вкупно 41 цивил, главно жени и деца, загинаа, а 22 се повредени во воздушен напад на пакистанските сили во провинцијата Хост, соопштија локалните власти.

Неименуван авганистански функционер изјави дека шест лица се убиени во друга провинција Кунар.

Талибанските власти во Авганистан упатија предупредување до пакистанските власти.

– Ги преземаме сите мерки за да спречиме повторување на нападите и бараме да се почитува нашиот суверенитет. Пакистанската страна треба да знае дека ако избие војна, тоа нема да биде во интерес на ниту една страна, предупреди портпаролот на авганистанската Влада Забихула Муџахид.

Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатата година, тензиите на границата меѓу двете земји се зголемија. Пакистанските власти соопштија дека вооружените групи извршуваат напади врз Пакистан од авганистанска територија на границата.

Талибанците негираат дека им даваат засолниште на вооружените групи и ја осудија пакистанската изградба на гранична ограда.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*