Банка од Холандија открила пирамидална шема во Албанија 

Холандија ги известила албанските власти дека постојат основи на сомневање дека албански граѓани се вмешани во шемата „Ponzi“, со други зборови пирамидални (измамнички) шеми, пренесува Топ чанел. 

 -Од Управата за спречување перење пари, пред неколку дена била издадена наредба за времено блокирање на сметки на име на албанскиот државјанин Б.Б.(31). Но, заедно со него се открива и името на неговиот соработник, В.Т. (40), од градот Елбасан за даночна измама и незаконско стекнати 3,7 милиони долари, наведува телевизијата. 

Судот В.Т. го прогласил за виновен и го осудил на три години затвор, заедно со трето лице, осомничени за сомнителни и нејасни економски трансакции. Тој, според обвинителството, претходно раководел со три компании од областа на рударството и набавка на агрегати, а бил откриен откако испратил трансфери од Холандија, наведувајќи ги како долг.  

 На 29 март 2022 година, банката испраќач во Холандија побарала рефундирање со дознака дека овие суми потекнуваат од шемата Понзи

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*