Бродовите за крстарење се враќаат во Австралија

Брод за крстарење денеска се закотви на пристаништето во Сиднеј првпат по повеќе од две години, откако беше укината забраната од 2020 година предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

„Пацифик експлорер“ направи „драматично влегување“, со голем натпис „Ние сме дома“, распослан на носот од пловилото. Маса луѓе се собраа на Сиднејскиот пристаништен мост за да го гледаат пристигнувањето на бродот, кој пред речиси еден месец го почна своето 18.000 километри долго патување од Кипар назад кон Австралија.

Резервациите за австралиското крстарење на најголемата компанија – „Ар енд O“ веќе се блиску до нивоата пред пандемијата, смета нивната претставничка Линдзи Гордон.

– Сега ги гледаме можностите за речиси нормална летна сезона на крстарење за 2022-23 година, рече таа.

Пред пандемијата, околу 350 бродови годишно за крстарење пристигнуваа во Австралија, превезувајќи повеќе од 600.000 патници, со што според Меѓународната асоцијација за крстарење, австралиска индустрија ѝ носи приход од 5,2 милијарди австралиски долари (3,5 милијарди евра) на националната економија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*