Во Израел убиен уште еден Палестинец, овој пат во Наблус

Израелските војници денеска убија Палестинец во Наблус на Западниот брег, за време на петтиот ден воена операција на окупираната територија, соопшти палестинското Министерство за здравство, јави Бета.

Триесет и четиригодишниот Мухамед Хасан Мухамед Асаф починал, откако е погоден во градите за време на нападот, се наведува во соопштението.

Израелската војска не коментираше за случајот. Медиумите во Израел пишуваат дека Палестинецот е убиен во конфликт, како и дека уште најмалку 16 лица се поврдени во зголемените тензии на Западниот брег, по низа смртоносни напади во Израел. Тој бил адвокат кој се борел против еврејските населби на окупираната територија и раздвојувачките бариери поставени кон Западниот Брег.

Според анонимни извори, убиениот ги носел децата во училиште и не бил вмешан во конфликтот.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти за 10 лица ранети од боева муниција и шест со гумени куршуми во селото Беита и во близина на еврејскиот храм на гробот на Јосиф.

Во израелскиот напад во областа Џенин било пукано врз израелски нагаси, но нема извештаи за можни жртви. Уапсен е студентски лидер, наводно поврзан со Хамас.

Израелската војска само потврди за операции во неколку области на Западниот брег поради апсење на осомничени.

Воената операција ја почнаа по нападот во Тел Авив, од Палестинец од Џенин, кога беа убиени тројца Израелци.

Во претходните три напади во Израел, убиени се 11 лица. Напаѓачите беа тројца израелски Арапи и еден Палестинец и сите се убиени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*