Европската вселенска агенција ја прекина соработката со Русија за лунарен проект

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја прекинува соработката со Русија за мисијата Луна на Месечината, што претставува уште една последица од тековната руска инвазија на Украина.

ЕСА соопшти дека ќе најде други начини за производство на технологијата потребна за мисијата, која сакаше да ја произведе во соработка со Русите, пренесува ДПА.

На пример, сега ќе се создаде систем за дупчење и анализа во соработка со НАСА, американската вселенска агенција. ЕСА соопшти дека е во тек потрагата по партнер кој ќе го изгради прецизниот пилотски систем за слетување.

„Времето за исполнување на нашите амбиции за силна, автономна и отпорна Европа во вселената никогаш не било порелевантно“, напиша на Твитер генералниот директор на ЕСА, Јозеф Ашбахер.

ЕСА веќе го стави во мирување заедничкиот проект со Русија – Exomars . Проектот беше замислен како обид да се бараат знаци на живот на четвртата планета во Сончевиот систем.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*