Кудрин: Руската економија годинава ќе се намали за 10 проценти

Претседателот на руската парламентарна комора за контрола на буџетот, Алексеј Кудрин изјави дека руската економија годинава ќе забележи пад од 10 отсто, поради што Министерството за финансии ќе треба да предложи ребаланс на буџетот.

Доколку се оствари прогнозата на Кудрин, тоа ќе биде најголемиот економски пад од 1994 година, кога беше регистриран пад од 12,7 отсто.

По воведувањето на санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина, се очекува и зголемување на инфлацијата за 20 проценти.

Централната банка на Русија предвидува пад на активноста оваа година од осум отсто, а Светската банка го проценува на 11,2 проценти, што е приближно иста како прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*