Расте бројот на загинати во тропската бура на Филипините

Најмалку 43 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.

Спасувачките екипи денеска трагаа по 28 лица, а потрагата била затоа што се стемнило.

Невремето предизвика свлечишта, како и порои од кал и врнежи. Повеќе од 17.000 луѓе ги напуштија своите поплавени куќи каде беше исклучена струјата.

Меги, позната на Филипините по локалното име Агатон, е првата голема тропска бура што ја зафати земјата која годинава често беше жртва на природни катастрофи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*