Сириските медиуми јавуваат за израелски воздушни напади во близина на главниот град Дамаск

Сириската државна телевизија објави за изралски ракетен напад врз неколку локации во рурална област западно од главниот град Дамаск.

Сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор, објави дека сириската противвоздушна одбрана соборила „некои“ од израелските проектили.

Според сириските медиуми, во нападите била причинета само материјална штета, без повеќе детали за инцидентот.

Израел врши чести напади врз цели во Сирија, локации за кои смета дека се засолништа на силите поддржани од Техеран, вклучително и либанскиот Хезболах, распоредени во регионот како поддршка на силите на претседателот Башар ал Асад.

Командант на провладините сили во Сирија демантираше дека имало напади врз нивни позиции надвор од Дамаск.

Израелската страна воопшто не се има огласено по случајот.

Минатиот месец државните медиуми во Сирија објавија дека двајца цивили биле убиени во израелски напад врз сириската престолнина Дамаск, при што била причинета и материјална штета.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*