Социјалната анксиозност може да се надмине со посебна исхрана

 Анксиозноста е интензивна, прекумерна и трајна загриженост и страв поврзани со секојдневните животни ситуации, а може да биде предизвикана од повеќе фактори. Постојат методи кои помагаат да се надмине таа состојба. Исхраната е една од нив.

Има неколку видови анксиозност, а еден од нив е социјалната анксиозност. Позната уште како и социјална фобија вклучува неудобност, страв и избегнување друштвени ситуации поради чувство на срам, како и загриженост дека другите може да го осудуваат човекот или да гледаат негативно на него. Според испитувања спроведени од американскиот „Журнал“ за психијатриски истражувања (Psychiatric Research Journal), најдобриот вид храна што помага при социјална анксиозност е ферментирана храна.

Тоа е онаа храна што се произведува со контролиран микробиолошки раст и претворање на состојките со ензимско дејство, од скроб во едноставни шеќери. Ферментираната храна обезбедува многу здравствени придобивки, меѓу кои и врамнотежени нивоа шеќер во крвта, поздрава кожа и подигање на расположението.

Истражувањата, исто така, посочуваат дека ферментираната храна која содржи пробиотици може да има заштитно влијание против симптомите на социјална анксиозност за оние со повисок генетски ризик доколку се склони кон невротичност.

Потребни се дополнителни истражувања, но списанието „Nutrients“ вели дека високо ферментирана храна и пијалаци коишто содржат природни или адитивни пробиотици се јогуртот, кефирот, кисели краставички, кисела зелка, мисо, кимчи и леб од кисело тесто.

Вежбањето е уште еден начин за подобрување на расположението, покрај исхраната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*