Изложба на Зоран Кардула во македонскиот КИЦ во Тирана

Во просториите на Македонскиот културен центар во Тирана отворена е изложба на еден од најреномираните македонски современи уметници, Зоран Кардула.
На отворањето присуствуваа бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција.
-Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер, кој веќе 2 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност што се манифестираше со реакциите на публиката, информираше КИЦ.
Се додава дека специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула.
Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*