Кравцов: Во Русија историја ќе се изучува од прво одделение

Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов најави дека учениците од прво одделение ќе учат историја.

– Ќе направиме се за да ја зачуваме историската меморија. И одлучив историја да се изучува од прво одделение, наведе Кравцов.

Во Русија сега историја се изучува во петто одделени.

Руските власти неколку пати тврдеа дека „некои странски земји се обидуваат да ја препишат историјата“.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Москва е должна да обезбеди зачувување на вистината за Втората светска војна, што во Русија се нарекуваат Голема патриотска војна, и да се спротивстави на обидите за фалсификување на историјата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*