Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево

Утрово до 8:30 часот минимални -7 степени се измерени на Попова Шапка, а максимални четири во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец и Гевгелија.

Според УХМР, -3 е во Маврови Анови, -2 во Крушево и Берово, 0 во Крива Паланка и Претор, еден во Струмица и Виница, два во Битола, Прилеп, Охрид, Штип и Демир Капија, како и три степени во Тетово, Дебар, Куманово и Дојран.

Во изминатите 24 часа наврнале 8 литри на метар квадратен воден талог во Крушево, 6 во Битола, 5 во Демир Капија, 4 во Маврови Анови и Дојран, 3 во Гевгелија, 2 во Претор, Тополчани, Струмица и Берово, како и еден литар во Прилеп, Штип и Виница.

Снежната покривка во Крушево до осум часот била пет сантиметри.

УХМР информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремени слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*