Приведено лице барано со централна потерница за издржување затворска казна

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба – Потраги вчера во 15:50 часот во скопското село Идризово го лишиле од слобода  Х.М.(32) од Идризово.

Како што информира МВР, тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*