Приведен крадец од Тетово, украденото вратено на сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 18.10 часот го лишиле од слобода тетовецот К.В.(28), постапувајќи по пријава од неговиот согражанин Б.Ф.(20) , според која тој околу 17.30 часот на улица „Маршал Тито“ во физички го нападнал и му одзел накит.

Од МВР денеска информираа дека К.В. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а накитот бил пронајден и вратен на Б.Ф..

По расчистување и документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*