Русија го суспендира финансирањето на ОХР

Руската Федерација ја информира Канцеларијата на високиот претставник за Босна и Херцеговиан (ОХР) дека го суспендира финансирањето на ОХР, објави „Независне новине“.

Босанскиот весник наведе дека Амбасадата на Русија во БиХ одби да ја коментира одлуката.

ОХР посочува дека парите за нивното финансирање ги обезбедуваат земјите-членки на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ), а буџетската година е од 1 јули годинава до 30 јуни следната година. Буџетот на ОХР за 2021/2022 година изнесува 5.327.627 евра.

ОХР наведува дека Европска Унија финансира 47,68 отсто, САД – 22 проценти, Јапонија – 10,  Велика Британија – 6,69, Канада – 3,03, Организацијата на исламската конференција – 2,5, Русија 1,2, а останатите 6,9 отсто.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*