Спалети разочаран од ремито против Рома

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети зборуваше за нерешениот резултат на натпреварот од 33. коло на италијанското првенство против Рома (1:1).

– Има разочарување, бидејќи добро ја контролиравме играта. Ни се спротивстави силен противник кој ни правеше проблеми. Незадоволни сме од исходот на крајот на натпреварот. Имавме свежи играчи од средниот ред, но тие не можеа да ја контролираат топката како што треба и дозволија да примиме апсолутно непотребен гол. Игравме добар фудбал долги периоди. Мислам дека со овој резултат се казнивме на табелата. Во првото полувреме можевме и моравме да го удвоиме резултатот, но до крајот на натпреварот имавме проблеми со поседот на топката, изјави Спалети за „Football Italia“.

Наполи е трет во поредокот во Серија А со 67 бодови, четири повеќе од Јувентус. Рома останува на петтото место со 58 бодови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*