ССК ја продлабочува соработката со НР Кина

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпиша меморандум за соработка со Кинескиот центар за надворешна трговија – China Foreign Trade Center (CFTC), со кој ќе се овозможи зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја во Народна Република Кина, како и полесен пристап на кинеските корпорации кај нас, како центар за влез на европскиот пазар.

Меморандумот за соработка предвидува двете страни заеднички да работат на промоција на соработката преку организирање на посети, саеми, бизнис патувања и консултации. Посебен акцент се става на промоција на значајните саеми за увоз и извоз кои ги организира Кинескиот центар за надворешна трговија, а на кои членовите на ССК ќе имаат ВИП третман.

По потпишување на Меморандумот се одржа и средба меѓу претставниците на деловните субјекти на кои беа презентирани конкретни можности и интереси за соработка, а на која присуствуваа и компании  – членки на ССК.

Во своето воведно обраќање претседателот на ССК, Трајан Ангелоски ја претстави деловната клима во земјава и ја истакна важноста на воспоставување на директна соработка меѓу претпријатијата од двете држави.

-Го организираме овој настан со цел да дадеме ветер во грбот на сите оние претпријатија кои се охрабруваат и бараат нови можности за надминување на состојбите, нови можности за економската соработка. Денеска повеќе отколку кога кога е потребно да се градат мостови и да се трасираат дополнителни патишта кои ќе ги поврзан деловните субјекти од сите земји и ќе креираат подобри  услови за бизнис, истакна Ангелоски.

Со потпишување на меморандумот за соработка со Кинескиот центар за надворешна трговија, додаде, ССК целосно ја покажува својата довербата и решителноста да ја прошири соработката со деловната заедница од Кина, односно да воспостави директна врска меѓу компании кои размислуваат како да ги пласираат своите производи во Кина или пак им е потребна поддршка и од кинеската страна.

-ССК ќе делува како партнер кој  континуирано ќе работи на промоција на можностите за учество на престижните саемски манифестација кои ги организира Кинескиот центар за надворешна трговија, посочи Ангелоски.

Домаќини на настанот беа Кинескиот центар за надворешна трговија и Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје во чие име се обратија Хе Бингхуа, советник за економска соработка во Амбасадата и  Џанг Сихонг, заменик-директор на Кинескиот центар за надворешна трговија.

Кинескиот центар за надворешна трговија важи за светски лидер во делот на саемски манифестации и располага со голем изложбен простор, богато искуство, професионална услуга, одлични перформанси, како и иновативни платформи за виртуелно учество на саемските манифестации. Меѓу позначајните манифестации кои ги организира се Кантонскиот саем, Кинескиот меѓународен саем за мебел, Кинескиот меѓународен саем за градежништво, Меѓународниот саем за автомобили.

Сојузот на стопански комори на Македонија  во 2015 година потпиша Меморандум за соработка и со All-China Federation of Industry and Commerce (ACFIC), со што се формализираат континуираните напори на ССК да ја поттикне и унапреди економската соработка меѓу нашата земја и НР Кина на ниво на претставници на приватниот сектор, како и да се зголемат можностите за извоз и создавање на трговски партнерства

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*