Jагнешкото месо поради високите цени се помалку достапно за граѓаните на Кичево

Поради  зголемените откупни цени на јагнето и се помалата понуда, продажните цени на јагнешкото месо во Кичево последниве неколку дена драстично пораснаа и се движат од 450 до 500 денари за килограм.

-Годинава цената на јагнешкото месо е многу повисока споредено со претходните десетина години, кога се движеше од 300-350 денари за килограм. Пред Велигденските празници продажната цена е 450 до 500 денари. Причина за поскапувањето се повисоката откупна цена на јагнето која се искачи на 200 и повеќе денари за килограм жива мера, а поради зголемениот извоз, за домашниот пазар останаа помали количества што дополнително го генерира порастот на цените, велат вработените во месарница во Кичево .

Никаде во градот не може да се најде јагнешко месо под 450 денари за килограм. Од друга месарница посочуваат дека не е исклучена можноста пред празникот, еден килограм јагнешко месо да достигне 600 денари.

-Ако не можеме да си дозволиме пред Велигден да купиме цело јагне, тогаш ќе се помириме со помала количина, а тоа значи или половина јагне или само еден бут, за да не ја прескокнеме оваа традиција која трае со генерации, вели Перо Трајаноски, граѓанин од Кичево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*