Бекеши и Николовски уверуваат дека сончоглед и зејтин има

Министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски денеска соопштија дека снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните каацитети, но има и зејтин за потрошувачка.

Како што истакнаа Бектеши и Николовски по посетата на фабриката „Кристал“ во Велес, владините мерки даваат резултати.

-Почна увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, истакна Бектеши.

Се работи, секако, нагласи, и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.

– Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките, подвлече министерот за економија.

Според министерот Николовски, и очекувањата на менаџменот на „Кристал“ се дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.

Тој повтори дека Владата вчера распиша оглас за доделување 5 722 хектара за одгледување стратешки култури, меѓу кои и сончогледот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*