Закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање

Владата донесе Одлука за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање, кој ќе го спроведе посебно формирана комисија.

Оваа одлука беше донесена денеска на владината седница, како дел од пакетот мерки предвидени со Националниот план за производство на храна којшто веќе се имплементира.

Од Владата информираат дека се поттикнуваат земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури.

Целта со оваа поддршка е справување со светската криза, обезбедување достапна и поевтина храна и увозна независност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*