Македонските фудбалери до 18 години ќе имаат две контролни средби со турската репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Турција. Двете контролни средби ќе бидат одиграни на попладне и в петок со почеток од 16 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, објави ФФМ.

Селекторот Неџат Шабани се одлучи да ги повика следните фудбалери:

голмани: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев

одбрана: Борјан Попоски, Енис Буќи, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани, Давид Љусев;

среден ред: Идриз Османовиќ, Валдер Керимоски, Игор Јаневски, Марин Ѓорѓиевски, Матеј Ѓоргиев, Џезаир Авдули, Матеј Ангелов;

напад: Артан Мемедов, Бесар Гуџуфи, Димитар Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*