Мета за масовното иселување на младите: Црвен аларм за што поскоро запирање на ова уништувачко истребување на популацијата

Албанскиот претседателот, Илир Мета, реагираше во врска со податоците објавени од Институтот за статистика (ИНСТАТ) кои зборуваат за масовно иселување, пред се на младите.

-Демографските показатели на ИНСТАТ, ја потврдуваат катастрофалната појава на напуштање на државата. Албанија, годишно има по 50 илјади граѓани помалку, што е дури и надвор од најнегативното сценарио на предвидлив демографски пад. Со други зборови, секоја година се брише од картата населението на просечен град, напиша Мета во објавата на социјалните мрежи.

Тој предупредува дека ова е „црвен аларм за што поскоро и по секоја цена, запирање на ова уништувачко истребување на популацијата“.

-Ова е црвен аларм, треба да престане што поскоро и по секоја цена ова уништувачко истребување на популацијата. Овој модел на ’развој’ не е ништо друго туку модел на очај и уништување. Време е да се запре оваа пустош, програмирана во земјава од локалната и меѓународната „Преродба“ (изборниот слоган на владејачкте социјалисти), заклучува Мета.

Според официјалната статистика, минатата година Албанија ја напуштиле над 42 илјади лица, речиси двојно повеќе од 2020 година.

Статистиката, исто така, потврдува дека за шест години Албанија ја напуштиле 53.515 млади од 20 до 24- годишна возраст а само минатата година 15.524 и оти во последните пет години има 74.723 помалку уписи на ученици и студенти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*