Петар Ставрески ќе ја претставува земјава на Светското првенство на бармени во Куба

Петар Ставрески победи на 13-то Државно првенство на бармени и ќе ја претставува земјава на Светското првенство во Куба.

Натпреварот што се одржа вчера во ресторанот „Фор“ е во организација на Здружението на бармени на Македонија, кое е член на Интернационалната асоцијација на бармени.

– На натпреварот учествуваа 20 бармени од повеќе градови од Македонија. Тие ги презентираа своите креации пред стручно жири, кое ги избра најдобрите. Првото место го освои Петар Ставрески кој наесен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Куба. Второто и третото место го освоија Вања Головски и Никола Стојмановиќ. Наградата за најдобра техника ја освоија Сара Станкова и Никола Тикови, информира Здружението на бармени на Македонија.

Дополнуваат дека во рамки на првенството се одржа и првиот Giffard Bartender Cup каде што најдобар беше Никола Цоневски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*