Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Одделениејата за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности, расчистија три кривични дела извршени на булевар „Јане Сандански“ и на подрачјето на ЕВР Драчево и од слобода ги лиши Р.А. (42) и Б.Е. (41), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на 24.01.2022  извршиле тешка кражба на дрзок начин во обид врз М.Б.М. (32) од Скопје, а на 31.01.2022 во пекарница извршиле џепна кражба од скопјанецот Н.П.С.(28).

Од МВР информираа дека Р.А. се сомничи и дека на 10.02.2022 извршил тешка кражба на дрзок начин, при што од Б.Н.(44) од Скопје одзел паричник.

Тие биле приведени во полициска станица против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*