Приведено лице барано по две централни потерници

Во Скопје синоќа во 21.30 часот на ул.„391“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(51) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, тој бил баран по две централни потерници од Основен кривичен суд Скопје.

– С.Т. бил осуден на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран и за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението.

Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна и мерката притвор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*