Путин се сретна со премиерот на Ерменија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со ерменскиот премиер Николај Пашинјан во владината резиденција надвор од Москва.
Кремљ претходно објави дека двајцата лидери планираат да разговараат за актуелните прашања од билатералните односи, како и за мерките за обновување на економските и транспортните врски во регионот.
Ерменската страна очекува и дека евентуалниот мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан ќе биде во центарот на агендата на состанокот.
За време на неговата дводневна официјална посета на Русија, Пашинјан ќе се сретне и со неговиот руски колега Михаил Мишустин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*