Џонсон се извини во британскиот Парламент за паричната казна за роденденската забава во време на локдаунот

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска му се извини на парламентот за прекршувањето на правилата за Ковид-19, со тоа што присуствувал на забавата за неговиот роденден во градината на „Даунинг Стрит 10“, поради што минатата недела беше казнет со 50 фунти од Метрополитен полицијата, јавија британските медиуми.

Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети додека парламентот беше на велигденски одмор.

Пратениците за два дена, в четврток, ќе гласаат за тоа дали Џонсон треба да биде под истрага поради тврдењата дека го завел парламентот со постојаното кажување дека ги следел правилата за Ковид-19 .

-Ја користам оваа прилика на првиот ден на нашето собирање да го повторам моето искрено извинување до Домот на општините. Веднаш штом го добив известувањето, ја потврдив грешката и гневот и кажав дека луѓето имаат право да очекуваат подобро од нивниот премиер, им кажа Џонсон на пратениците, додавајќи дека првично не сфатил дека со собирот ги прекршил правилата за Ковид-19.

„Во тој момент, или подоцна, не ми падна на памет дека собирот во кабинетот непосредно пред виталниот состанок за стратегијата за Ковид-19 може да значи прекршување на правилата. Повторувам дека тоа беше моја грешка и се извинувам за тоа, безрезервно“, изјави британскиот премиер пред пратениците во Долниот дом на парламентот, пренесуваат британските медиуми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*