Изложба фотографии „Златниот антички наод од неготинско“ во Куманово

Изложба на фотографии преку кои ќе биде промовиран златниот антички наод од неготинско ќе биде отворена денеска во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Изложбата, која ќе биде поставена до 4 мај годинава, опфаќа 24 фотографии и е резултат на повеќегодишната добра соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Изложбата ќе го презентира наодот откриен при археолошкото истражување на Музеј на Неготино во археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ извршено во година, при што се пронајдени, предмети, накит, монети од периодот помеѓу 4 и 3 век пред нашата ера.

– Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век п.н.е. претставува еден од најзначајните и најрепрезентативните наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на република Северна Македонија. Ова извонредно културно богатство беше презентирано во престижниот национален „Keltten-Romer Museum“ во Манхинг, Германија, заедно со златната маска од Охрид и како составен дел од изложбата со наслов „Златното лице на непознатиот крал“, проект кој се реализираше со поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот „Clash of cultures“ (Судир на култури). Денес се наоѓа во Археолошкиот Музеј на Македонија во Скопје каде е достапен за пошироката светска јавност. Изложбата со фотографии досега е претставена во Неготино и Кавадарци, информираат од кумановскиот Центар за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*