Изречени 186 казни за брзо возење

При засилена акциска контрола за санкционирање возила за брзо возење на територијата на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи се санкционирани 186 возачи.

Како што се наведува во соопштението на МВР, од санкционираните, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*