Панел дискусија на тема дезинформации, пропаганда и проруски наративи во медиумите 

Панел дискусија на тема „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“, денеска ќе се одржи во Скопје.

На панел дискусијата најавено е обраќање на универзитетскиот професор Никола Дујовски и новинарите Љубомир Костовски од „Глобус“ и Дејан Андоновиќ од „Слободен печат“. Модераторка ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.  

Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за земјава

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*