Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи. Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*