Пројковска дел од судискиот тим на Европското женско фудбалско првенство

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја вклучи Ивана Пројковска меѓу 39-те судии за Европското првенство во женска конкуренција, чиј домаќин во јули ќе биде Англија.

За најдобрата македонска судијка ова е уште едно признание од УЕФА, откако во 2019 година Пројковска го судеше финалето на Европското првенство до 19 години, во кое Франција ја совлада Германија.

На претстојното Европско првенство во Англија за првпат во историјата на континенталните собири, меѓу 12-те главни судијки, е назначена и арбитер надвор од Европа, Емикар Калдерас Барера од Венецуела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*