Силекс и Македонија Ѓорче Петров во финалето на фудбалскиот куп

Бранителот на трофејот Силекс и Македонија Ѓорче Петров ќе играат во годинашното финале на Македонскиот фудбалски куп, откако попладнево како гости успешно ги минаа полуфиналните пречки.

Второлигашот Силекс минимално со 1-0 (1-0) на гостински терен го совлада последно пласираниот тим во Првата македонска лига Пелистер со голот на Каланоски во 36. минута.

Второто полуфинале меѓу Струга и Македонија ЃП заврши без голови во регуларниот дел, а гостите од Скопје беа поуспешни во пенал серијата и триумфираа со 4-2.

Финалето на националниот куп ќе се игра на 20 мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а победникот ќе обезбеди пласман во квалификациите за УЕФА Лига Европа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*