Уапсен голем колумбиски наркобос во Мексико

Во Мексико уапсен е колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо, еден од најголемите светски дилери на дрога, информираше доцна синоќа полицискиот директор Хорхе Луис Варгас, јави ДПА.

„Заедно со мексиканските, британските и со американските власти, колумбиската полиција го лоцираше колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо – „Боликесо (Boliqueso)““, објави тој на Твитер.

Жиралдо е однесен во Колумбија и информиран е за барањето за екстрадиција на САД.

„Боликесо“ ја контролирал трговијата на кокаинот кон Централна Америка, Европа, САД и кон Обединетите Арапски Емирати, според колумбиската полиција.

Тој е уапсен и претходно, во Бразил, во 2016 година. Жиралдо е пуштен на слобода две години подоцна.

За разлика од познатиот наркобос Пабло Ескобар, кој сакаше да се пофали со своето богатство, Жиралдо припаѓа на генерација наркобосови, кои преферираат да останат незабележани, што е можно подолго време, пишува германската новинска агенција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*