Утре облачно со сончеви периоди, наутро дожд, од недела зголемување на температурата

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови ќе има локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час).

Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 14 до 21 степен. Во Скопје утре утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 21 степен.

Услови за локален дожд ќе има и во сабота претпладне.

Температурата во следните денови ќе биде во значителен пораст, особено од недела, кога на повеќе места ќе надмине 25 степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*