Бајден ја назначи Бриџит Бринк за нова амбасадорка на САД во Украина 

Претседателот на САД, Џо Бајден ја назначи Бриџит Бринк на функцијата амбасадор на САД во Украина. Бринк досега беше амбасадорка на САД во Словачка.  

Кандидатурата на Бринк треба да биде утврдена од американскиот Сенат. 

Дипломатите на САД неделава започнуваат да се враќаат во Киев. Тие ја напуштија амбасадата во Киев отприлика две недели пред почетокот на руската инвазија на земјата. 

Дипломатската мисија својата функција потоа ја извршуваше од Лавов, а потоа од Полска.  

Во меѓувреме, Вашингтон прави напори за дополнителна воена помош за Украина покрај досега дадената, а за одбивање на руските сили во земјата. 

Државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на Пентагон Лојд Остин вчера од Киев на претседателот Володомир Зеленски и неговите советници соопштија дека САД подготвуваат воена помош за земјата во висина од 300 милиони долари и одобриле испораки на муниција вредна 165 милиони долари. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*