Бостон со „метла“ за Бруклин во првото коло од НБА-плејофот

Кошаркарите на Бостон селтикс го „исчистија“ Бруклин нетс во првото коло од разигрувањето за шампионскиот трофеј во НБА-лигата. Бостон ноќеска славеше на теренот на Бруклин со 116:112 и со максимални 4:0 во победи го елиминира ривалот.

Ова беше првата „метла“ во годинашниот плејоф во најсилната кошаркарска лига на светот.

Ниту 39 поени на Кевин Дурант не помогнаа Нетси да го избегнат поразот. Во победничкиот тим се истакна Џејсон Тејтум со 29 поени.

Бостон во второто коло од плеј-офот ќе се сретне со победникот од серијата Милвоки – Чикаго.

Ноќта понеделник кон вторник се одиграа уште два натпревара:
Филаделфија – Торонто 88:103 (3-2 во победи за Филаделфија)
Далас – Јута 102:77 (3:2 во победи за Далас).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*